


















Информации
работно време
Посетете нè во текот на целата недела и уживајте во незаборавно искуство за целото семејство. Проверете го нашето работно време и испланирајте ја вашата следна авантура.

ноември – февруари:
09:00 – 16:00

март и октомври:
09:00 – 17:00

април и септември:
09:00 – 18:00

мај – август:
09:00 – 19:00
ДЕНА
ГОДИШНО
Бесплатен влез за деца под 3 години!
Add Your Tooltip Text Here
Запознајте го нашиот водич
Александар Глигоров
Едукатор кој во своите едукативни прошетки и работилници на наједноставен непосреден начин ги едуцира децата нашите постојани гости, запознавајќи ги со жителите на прекрасната Зоолошка градина.
- +389 71 269 546
- aleksandar.edukator@zooskopje.com.mk
Дознајте повеќе
Истражете ја зоолошката
Запознајте ги животните одблиску и уживајте во уникатно искуство исполнет со авантура, едукација и забава за целото семејство. Истражете ја зоолошката и откријте го светот на природата на интересен и интерактивен начин.
Купете целодневни карти
Plan your day
Daily presentations
Love at the zoo
Animals
dog days
CTA: tickets
Случувања
Наши Новости
Следете ги нашите најнови новости, настани и активности. Тука ќе пронајдете информации за претстојни забави, специјални понуди, новитети и моменти кои ги споделуваме со нашите посетители.
Pp99 Casino 40 Free Spins No Deposit Au
All Poli Casinos
Deposit 30 Play With 60 Scratch Cards Online
Betmax Casino No Deposit Bonus For Au Players
Egt Slot Australia
Best Sic Bo To Win Real Money
Classic Slots Cashable Bonus Australia
Ss9 Casino 30 Free Spins No Deposit
Best Novoline Casinos
Best Mifinity Casino Birthday Bonus Casino Australia
Често поставувани прашања
Ваш водич низ најчестите прашања за зоолошката градина, со информации што ќе ви помогнат да ја испланирате и уживате во посетата.
Тука сме за вас – контактирајте нè.
Дали е отворена Зоолошката градина во Скопје во недела?
Зоолошката градина работи буквално секој ден од годината, 365 дена, работиме и за сите празници и викенди.
Кое е работното време на Зоолошката градина?
| Ноември, декември, јануари и февруари | од 09:00 до 16:00 часот |
| Март и октомври | од 09:00 до 17:00 часот |
| Април и септември | од 09:00 до 18:00 часот |
| Мај, јуни, јули и август | од 09:00 до 19:00 часот |
Колку е цената на билетот?
Цената на билетот за влез во Зоолошката градина е 80,оо денари, а за Дино Парк е 50,оо денари.
Колку е билет за деца?
Деца до 3 години не плаќаат билет, а над 3 години е 80,оо денари.
Дали може да ги храниме животните?
Хранењето на животните во Зоолошката градина е СТРОГО ЗАБРАНЕТО. Животните имаат своја нутритивна табличка на хранење и добиваат првокласна здрава храна, согласно нивниот вид и потреби. Затоа секоја храна дадена од посетителите може да им наштети.
Доколку сакате да имате уникатна можност за хранење животни во присутност на зоонегувател во зоолошката, јавете се на 071/269-548 и проверете за кои животни може да се закаже хранење.
– Од април до октомври отворена е и Бејби ЗОО, каде што децата добиваат кесичка со храна за мали животни, можат да ги хранат и погалат, но и да научат повеќе за чување домашни миленици, а целта на ова катче е заеднички кај децата да ја зголемиме емпатијата и љубовта кон животните.
Дали може да се јаваат пони коњчињата?
Во летниот период од мај до септември секој викенд има јавање на пони коњ за мали дечиња по цена од 50,оо денари.
Дали работи Бејби ЗОО и колку е билет за влез?
Бејби ЗОО работи секој ден во топлите месеци и цената на билетот е 20,оо денари. Децата добиваат кесичка со храна за мали животни, можат да ги хранат и погалат, но и да научат повеќе за чување домашни миленици, а целта на ова катче е заеднички кај децата да ја зголемиме емпатијата и љубовта кон животните.
Дали може да дојдеме со миленик во Зоолошка градина?
Не е дозволен влез со домашно милениче во Зоолошката градина.
Дали смеам да возам тротинет, ролери или велосипед низ Зоолошката градина?
Возењето на било какви превозни средства од страна на посетителите, вклучувајќи тротинет, ролери или велосипед е строго забрането.
Смеам ли да ги галам животните?
Строго е забрането да се фаќаат и вознемируваат животните, или пак да се прескокнува оградата за да се дојде поблиску до нив. Со оглед на големата фреквенција на луѓе и најбезопасното животно може да се вознемири и да ве повреди.
Прославете ја вашата роденденска забава!
Прославете го роденденот на вашето дете со незаборавна забава исполнета со смеа, игри и магични моменти. Ние се грижиме за атмосферата, забавата и секој детал, за вие безгрижно да уживате во посебниот ден.